Hedra Desk
Ергономски работни маси со механизам за прилагодување на висина.

Hedra Desk
Ергономско биро со механизам за подесување на висина.
HEDRA ергономските работни маси со механизам за прилагодување на висина се совршено решение за секоја работна средина. Модернизирајте го вашиот дом или канцеларија со висококвалитетните Hedra ергономски бироа, дизајнирани да се адаптираат на сите ваши потреби и желби.
Бесплатна достава HedraDesk нуди бесплатна и брза достава низ цела Македонија
6 години гаранција HEDRA ергономските бироа доаѓаат со 6-годишна гаранција
Монтирање Монтирајте го вашето ергономско биро во само неколку минути
Загарантиран квалитет HEDRA ергономските бироа се спој на врвни материјали и современа технологија која гарантира континуиран квалитет

Конфигурирај биро Направете сами HEDRA ергономско биро според вашите уникатни потреби и желби
Уредување на простор Нарачајте повеќе од 5 бироа и ние ќе ви помогнеме при уредување на вашата канцеларија
Контакт Контактирајте не за повеќе информации, HedraDesk е секогаш тука да одговори на вашите барања
HedraWood

HedraWood ергономското биро е практично, лесно за одржување и изгледа елегантно и луксизно. Дрвената работна површина е рачно изработена и премачкана со заштитено масло. HedraWood е достапно во неколку бои: класично црна,, светла бука, палисандер и темен орев.

HedraWood ергономското биро може го нарачате во неколку варијанти: само механизам, механизам + рачно изработена, парена бука или механизам + дупла иверица.

Спецификации
HedraGlass

Дозволете HedraGlass ергономското биро да внесе светлина во вашето работно катче. Ова биро е идеално за мали работни простории бидејќи стаклената површина непречено ја рефлектира светлината и прави секоја просторија да изгледа пространо.

HedraGlass ергономско биро вклучува: USB порт, C-type порт, безжичен полнач за смартфон, вградена фиока.

Спецификации
За здрава и продуктивна работна средина

Работната средина директно влијае врз продуктивноста и задоволството при работа. Во просек, луѓето поминуваат повеќе од 8 часа во седечка позиција. Ова може да доведе до трајни негативни последици и бројните медицински проблеми кои се јавуваат како последица од статичната, седечка положбата.

HEDRA ергономските работни маси нудат адаптабилност на висината и динамичност во работата. Заменете го вашето старо биро со HEDRA ергономско биро и почувствувајте ги придобивките: подобрено држење на телото, зголемена концентрација и намален стрес при работа.
Приспособлива работна површина

HEDRA ергономските работни маси се составени од метални ногарки и механизам со интегриран сензор кој овозможува непречено подигање и спуштање на бирото.

HedraDesk ви дава слобода сами да ја изберете идеалната работна површина за вас:

  • ПАРЕНА БУКА - Работна површина од рачно изработена, парена бука, е достапна во три бои: класична бука, палисандер и темен орев
  • ИВЕРИЦА - Работна површина од високо квалитетна дупла иверица со дебелина од 3.6cm
  • СТАКЛО - Работна површина од стакло која доаѓа со USB порт, C-type порт, безжичен полнач за смартфон, вградена фиока